На Стража укината забраната за камиони

371

Од 20,45 часот, воведената Забрана за движење на тешки моторни возила на планинскиот превој Стража, е прекината и сообраќајот е нормализиран на овој патен правец, информираат од АМСМ.

Забраната на Плетвар за движење на тешки товарни возила сѐ уште важи.

-Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. На планинските премини Стража, Ѓавато, Буково и Пресека има остатоци од кашест снег на коловозот, но нема забрана за движење на возилата. Препорачуваме намалена брзина на движење и исклучително внимателно управување со возилата – предупредуваат од  АМСМ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...