На столчето на разрешениот Болтон седнува Чарлс Купермен

„Болтон работи одделно од остатокот од Белата куќа“, изјави поранешен функционер на администрацијата на Трамп, кој сакаше да остане анонимен.

81
ФОТО: EPA / Andrew Harrer / POOL

Вршител на должноста американски советник за национална безбедност ќе биде Чарлс Купермен, поранешен заменик на Џон Болтон, јави Би-Би-Си повикувајќи се на извори во Белата куќа.

Откако американскиот претседател Доналд Трамп објави на Твитер дека го разреши советникот за национална безбедност, се појавија информации дека Трамп и Болтон имале несогласувања за голем број предизвици во надворешната политика, од Авганистан до Иран.

Многумина во Белата куќа не беа задоволни од однесувањето на Болтон, а неименуваниот извор за Би-Би-Си изјави дека тој создал посебен ентитет од Советот за национална безбедност.

„Болтон работи одделно од остатокот од Белата куќа“, изјави поранешен функционер на администрацијата на Трамп, кој сакаше да остане анонимен.

Според него, Болтон не присуствувал на состаноците и ги следел своите иницијативи.

„Тој води свое шоу“, рече официјалниот претставник.

Друг официјален претставник на Белата куќа изјави за американскиот партнер на Би-Би-Си, Си-Би-Ес  Њуз, дека Болтон секогаш имал свои приоритети и никогаш не го прашал претседателот какви биле неговите приоритети.

Поранешен висок функционер во американската администрација изјави за Си-Би-Ес дека инсистирањето на Болтон се да биде по негово, налутило многу луѓе во Белата куќа, вклучително и претседателот.

Во последните месеци, според извор на Си-Би-Ес, барањата за разрешување на Болтон станаа се погласни, а во текот на изминатите две недели веќе се знаело дека Болтон е следен во редот за разрешување.

ФОТО: EPA / Andrew Harrer / POOL

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...