На српска водителка ѝ e тешко повредена раката по тешка соообраќајка

805

Деа Ѓурѓевиќ, водителката од утринската програма на српската телевизија „Пинк“ утринава во шест часот доживеала тешка соообраќајна несреќа, во која, како што пренесуваат српските медиуми, на новинарката ѝ е тешко повредена раката.

Таа најпрво имала сообраќајка со друго возило, а кога излегла од возилото да види колкава е штетата, наишол автобус кој ја изгубил контролата поради замрзнатата улица и удрил директно во неа, при што тешко ѝ ја повредил раката.

Екипите на Брза помош ја одвеле во Ургентен центар повредената новинарка и врз  неа се врши тешка операција, соопштуваат српските медиуми.

Три екипи на Брза помош интервенирале на лице место, а во несреќата три лица се здобиле со тешки телесни повреди.

ФОТО: Printscreen RTS, Printscreen Prva TV, Printscreen Pink TV, Printscreen Instagram

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...