Бура од реакции предизвикува на социјалните мрежи изјавата на министерот Дамјан Манчевски дека непотребните лица од јавната администрација ќе бидат нудени во приватниот сектор, каде според него, тие би биле повеќе мотивирани за работа.
Владата предвидува субвенции за приватните фирми кои би вработиле лица од јавната администрација.
Министерот за администрација Дамјан Манчевски ова го најави денеска и рече дека до до крајот на годинава треба да заврши реорганизацијата на државната администрација. Предвидено е некаде да се намалува бројот на административци, некаде да се зголемува, а ако е потребно и да се затворат некои институции.
Прво реагираше Синдикатот на администрацијата и судството. Синдикатот се чувствува изневерен од Владата, откако првично им било ветено дека ќе им ги прифати забелешките, но сега во предложените измени нив ги нема.
На социјалните мрежи реакцијата е жестока:
Aleksandar Leveski Каква генијална реформа алал вера. Капа им симнувам. Ова ниту на Монти Пајтон не би му текнало хахахаха. Тој што ги советува парите да им ги врати.
„Супер препорака за вработување во фирмите на премиерот и на министрите:
“На службениците кои не ги извршуваат ефикасно своите задачи ќе им биде понуден трансфер во приватниот сектор и поголема плата, а одлуката ќе ја носат самоволно, вели Манчевски. Приватните фирми кои ќе ги вработат овие лица ќе добијат одредени субвенции.”
Igor Delovski Оваа идеја е добра и повеќе од потребна. Секој што работи во приватниот сектор ќе ви го потврди тоа. Вие поаѓате од претпоставката дека тие што ќе си одат се лоши работници. Но, тоа не е сосема точно
Miodrag Misolic Ма, подобра идеја не можело да се смисли. Единствено можда, да ги сочува до влегувањето во ЕУ, па да ги понуди на Брисел.
Dane Sazdovski Наивно би било да се помисли дека газдите ке прифатат мрзливи и неспособни раборници. Тие веднаш ке ги препознаат добрите кадри. Оние кои се добри кадри и требат и на јавната администрација. А добрите кадри се свесни за својата вредност и нема да дозволат да бидат изманипулирани.