На Собранието му тргна со реформските закони

470
Photo: EPA-EFE/Georgi Licovski

Собранието денеска ги донесе измените и дополнувањата на законите за судови, за прекршоци  и за управни спорови кои се дел од реформските закони во правосудството.

Законите се со европско знаменце и беа донесени со двотретинско мнозинство без ниту еден глас против и воздржан.

Опозицијата во текот на расправата истакна дека со прифатените амандмани во голема мера е подобрен текстот на сите три закони, но изрази жалење што не е решен проблемот со унапредувањето на вработените во судската администрација.

Владејачкото мнозинство оцени дека се работи за квалитетни решенија, а во однос на Законот за прекршоци истакна дека е направено суштинско намалување на казните и глобите и е намален рокот за застареност од три на две години.

Трите законски решенија беа донесени во рамки на 88. собраниска седница.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...