На сметката има шест долари: Роналдињо остана без пасош поради милионски долг

596

Јавното обвинителство на бразилската сојузна држава Рио Суи до Гранде наредило одземање на пасошот на Роналдињо и на неговиот брат Асис поради долг од два милиони долари.

Браќата во 2015 година добиле пресуда, според која, треба да платат казна во висина од 2 милиони долари поради уништување на природните добра на Порто Алегро.

Роналдињо и неговиот брат изградиле воденица и магацин на брегот на езерото Гаиба кои се во заштитено подрачје, поради што државата ги тужела.

Двајцата избегнувале да платат казна, и за да си го наплати долгот државата им го ограничи движењето. Нивниот спорен имот на езерото е запленет се додека не ја платат казната. Во решението на државното обвибителство стои дека сметките не им се блокирани бидејќи на нив имало само шест долари.

Освен одземањето на пасошите, бразилската држава издала забрана за издавање нови патни исправи на Роналдињо и Асис се додека не го платат долгот кон државата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...