На сите обвинети од СЈО им се спрема притвор!

7148

По бегството во Будимпешта на поранешниот премиер Никола Груевски, за да ја избегне затворска казна од две години за предметот „Тенк“, повеќе извори брифираат дека СЈО ќе бара притвор за сите обвинети кои се товарат за тешки кривични дела.

И министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вечерва за телевизијата Канал 5 изјави дека СЈО и судот треба сериозно да размислат и за останатите лица кои се обвинети и осудени, а кои се на слобода како Гордана Јанкулоска и Миле Јанакиески.

Информациите се дека СЈО ќе бара притвор како мерка за обезбедување на обвинетите откако неколку обвинети веќе ја напуштија државата како поранешните вработени во УБК, Никола Бошкоски, Горан Грујоски, кои се во Грција. Претходно и бизнисменот Сеад Кочан беше во бегство и се бараше со меѓународна потерница.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...