На семејствата чии куќи изгореа во Шутка понудено им е сместување во Визбегово

184

По веста за трагичната смрт на двете малолетни деца во Шуто Оризари, техничката
министерка за труд и социјална политика, Рашела Мизрахи во рамките на нејзините надлежности, испрати стручни лица на терен со цел навремено да се згрижуват семејствата чии домови изгореа, соопшти МТСП.

Како што е наведено во соопоштението, екипа на ЦРС Скопје направила увид на лице место, а на семејствата им било понудено сместување во рамките на објектите за поддржано живеење во Визбегово.

„Едно од семејствата ја прифати понудата и уште веднаш ќе биде сместено. Исто така, ќе обезбедиме и еднократна парична помош за семејствата, како и рефундирање на средствата за погребални услуги, за семејството на починатите“, пишува во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...