„Алфите“ синоќа го приведоа Сеад Кочан за да ја отслужи затворската казна од 4 години и 8 месеци за предметот „Труст“ на СЈО откако беше одбиено неговото барање поради здравствена состојба и хоспитализација, да се одложи издржувањето.
Тој преноќи во затворот „Идризово“, а утрово имал покачен крвен притисок, објави Алсат ТВ. Бил прегледан во затворот и добил инјекција.
Инаку, утрово од Министерството за здравство соопштија дека на барање на судот, нивна Комисија ја прегледала документацијата со која бизнисменот бараше да не оди во затвор оти е хоспитализиран.
– Од стручниот увид во медицинската документација беше утврдено дека пациентот нема апсолутна индикација за болничко лекување – рекоа од Министерството.