На Сашо Марковски за „27 април“ ќе му се суди во одвоена постапка

Раздвојувањето на постапката доаѓа по барањето на обвинителката Вилма Русковска поради лошата здравствена состојба на Марковски и со цел да не се одолговлекува постапката против останатите обвинети лица од кои голем дел се наоѓаат во притвор.

615

На обвинет за 27 април ќе му се суди во раздвоена постапка бидејќи е во лоша здравствена состојба

Обвинетиот Сашо Марковски и денеска не дојде на судењето за 27 април бидеќи сѐ уште е во болница. Затоа судечкиот совет на чело со судијката Добрила Кацарска донесе одлука да го раздвои судењето за него.

На рочиштето во вторникот тој не се чувствуваше добро па со возило на Итна медицинска помош беше пренесен во болница. Поради негово отсуство се откажаа рочиштата кои беа закажани во средата и вчера.

Раздвојувањето на постапката доаѓа по барањето на обвинителката Вилма Русковска поради лошата здравствена состојба на Марковски и со цел да не се одолговлекува постапката против останатите обвинети лица од кои голем дел се наоѓаат во притвор.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...