На Сара и е извршена трансплантација на коскена срцевина

Прво од братот на Сара, Виктор беше земен потребниот примерок односно коскена срцевина, врз кој потоа беа извршени медицинските процедури и прилагодувања на него, а потоа истиот беше трансплатиран врз Сара.

793

Кај петнаесетгодишната Сара Настеска од Охрид во средата во Германија беше извршена трансплантација на коскена срцевина, објави Слободен печат.

Според информациите од нејзиното семејство, Сара се чувствува добро.

– На 12 декември се изведе трансплантацијата која се одвиваше во две фази. Прво од братот на Сара, Виктор беше земен потребниот примерок односно коскена срцевина, врз кој потоа беа извршени медицинските процедури и прилагодувања на истиот, а потоа истиот беше трансплатиран врз Сара. Во моментов таа е добра и позитивна. Сега, следува период на адаптација од неколку недели, во текот на кои ќе знаеме како организмот ќе го прифати третманот односно трансплатираната коскена срцевина – информира Горан, таткото на Сара.

Тој додава дека првичната проценка и од лекарскиот тим била дека трансплантацијата поминала добро.

Во име на целото семејство, тој уште еднаш исппрати голема благодарност до сите добри и хумани луѓе кои преку донации овозможија Сара да се лекува.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...