На птиците на Нов Зеланд би им требале 50 милиони години да се опорават од луѓето, сметаат научници

254

Кoга пристигнале во Нов Зеланд пред 700 години, луѓето го уништиле светот на птиците до такво ниво што ќе бидат потребни 50 милиони години за да се опорави, велат научници во напис во „Current Biology“.

Регенерацијата на толку разновиден свет на птици, како што беше во Нов Зеланд, ќе трае многу подолго отколку што постои човештвото, посочуваат авторите.

Повеќе од 70 видови птици исчезнаа од доаѓањето на луѓето во Нов Зеланд. Уште 30 видови се на раб на опстанок иако се преземаат мерки и напори за нивно зачувување.

„Ако измумрат тие критички загрозени видови, опоравувањето би траело уште 10 милиони години“, напишаа научниците, кои дошле до заклучоци проучувајќи ги фосилите и користејќи компјутерски симулации за да ги пресметаат резултатите.

ФОТО: EPA/ALTAF QADRI

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...