Патнички и товарен воз вчера удриле на поставени предмети на пругата во близина на Железничката станица Смоквица, при што нема повредени лица, но е предизвикана материјална штета.
Во полицијата вчера попладне во 17,05 часот било пријавено дека во близина на Железничката станица Смоквица патнички воз кој сообраќал на релација Гевгелија-Скопје, наишол и удрил во бетонско столбче.
Од ударот била предизвикана материјална штета, со оштетување на предниот дел на возот, кој го продолжил патувањето до Скопје.
На истото место, синоќа околу 19,45 часот товарен воз кој сообраќал на релација Гевгелија-Скопје, наишол и удрил на поставени предмети на пругата, а возот го продолжил патувањето без оштетувања.