На претседателските избори во Хрватска ќе гласаат речиси четири милиони избирачи

Првиот круг на претседателски избори ќе се одржи на 22 декември, а доколку е потребно вториот е закажан за 5 јануари 2020 година.

93

На претстојните претседателски избори во Хрватска права на глас ќе имаат 3.854.747 гласачи, соопштија денеска хрватските власти.

Како што јави дописникот на МИА, од запишаните гласачи во избирачкиот список 3.677.907 се жители на Хрватска, додека во странство своето право на глас ќе можат да го остварат 176.843 граѓани.

На претстојните претседателски избори во Хрватска запишани се поголем број гласачи во споредба со неодамнешните избори за Европскиот парламент, кога право на глас имаа 3.831.389 граѓани.

Првиот круг на претседателски избори ќе се одржи на 22 декември, а доколку е потребно вториот е закажан за 5 јануари 2020 година.

Според анкетите, најголем рејтинг има актуелната претседателка и кандидат на Хрватска демократска заедница (ХДЗ) Колинда Грабар-Китаровиќ, а шанси за втор круг им се дава и на кандидатот на Социјалдемократска партија (СДП) Зоран Милановиќ и независниот кандидат Мирослав Шкоро.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...