На Бранко Петровски, сопственикот на менувачница од Скопје кој во саботата беше крвнички претепан од скопскиот бизнисмен Спиро Чорогунов, како што објави ЦИВИЛ Медиа му се влошила состојбата и е хоспитализиран на Клиниката за неврохирургија. Лекарите утврдиле уште една сериозна фрактура во пределот на главата кај Петроски, пишува Цивил медиа.
Иако за тоа имало повеќе од очигледна потреба, жртвата на нападот, Петровски, како што пишува порталот, во саботата не беше хоспитализиран затоа што немало место, ниту во Градската болница, ниту на државната клиника, иако обилно му крварел носот и не можел да заспие од болки и од тоа што се гушел во сопствената крв. Сепак, денеска, откако состојбата му се влошила уште повеќе, тој конечно е хоспитализиран на Клиниката за неврохирургија.
Цивил медиа јаува дека напаѓачот е на слобода. Иако полицијата го „посетила“ напаѓачот веднаш по инцидентот, тој имал „обврски“, поточно, бил поканет на свадбена веселба, каде што и завршил, откако неколку часа пред тоа претепал човек.
Тоа може да се утврди и од фотографијата објавена на социјалните мрежи од која се гледа дека напаѓачот е во добро расположение, на свадба.