На граничните премини „Богородица“ и „Дојран“ има зголемена фреквенција на возила. Времето на чекање за излез од Република Македонија на Богородица е од 30 до 45 минути, додека на Дојран од 15 до 30 минути. На останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државатa, информира АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, а сообраќајот се одвива по суви коловози.