На премините Богородица и Евзони се чека по десетина минути

54

Интензитетот на сообраќајот за излез од државава е секојдневен со максимално задржување од десетина минути за завршување на граничните формалности за проверка на документите, информираа граничните полициски и царински службеници на граничниот премин Богородица.

– Колоните возила на наша страна се движат брзо. Сите сообраќајни ленти функционираат поради што состојбата е релаксирана и за нас и за туристите кои чекаат да ја преминат границата, велат од дежурната служба на ГП Богородица.

Состојбата, според нивни сознанија, е иста и на граничниот премин Евзони на влез во Грција каде функционираат шест сообраќајни ленти и задржувањето е исто така десетина минути.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...