На поротниците покажани фотографии од голиот Вајнстин: Ми изгледаше бисексуално ФОТО

Судскиот илустратор кој го ангажирал „Ројтерс“ видел неколку фотографии во моментот кога биле претставени пред поротата па направил неколку цртежи за новинската агенција.

1268

На поротниците на судењето на Харви Вајнстин (67) во вторникот, им биле покажани фотографии на кои поранешниот холивудски продуцент е гол, и покрај противењето на неговите адвокати.

Судскиот илустратор кој го ангажирал „Ројтерс“ видел неколку фотографии во моментот кога биле претставени пред поротата па направил неколку цртежи за новинската агенција. Обвинителите не се изјасниле зошто се прикажани фотографиите во судницата ниту, пак, до колку ги има на број.

Вајнстин не одговорил на новинарите што мисли за тоа дека поротата ги видела неговите фотографии на кои тој е гол. Но, неговата адвокатка Дона Ротуно во електронска пошта рекла дека фотографиите биле прикажани „со единствена цел да се понижи господинот Вајнстин“.

Џесика Ман, жената што го обвини Вајнстин за силување, минатата недела сведочеше за изгледот на голото тело на холивудскиот продуцент. Вајнстин изјави дека не се чувствува виновен во обвинувањата дека ги напаствувал Ман и уште една друга жена, Мими Халеј.

Ако биде осуден за едно од најлошите злосторства, предаторски сексуален напад, го чека доживотен затвор.

Ман сведочела во петокот велејќи дека Вајнстин немал тестиси како и дека ѝ делувал „деформирано“ или „бисексуално“ кога првпат го видела.

Судењето е круцијална приказна за движењето #MeToo (И јас исто така). Од 2017 година повеќе од 80 жени го обвинија Вајнстин за сексуални злодела, со што се покрена ова движење, во кое жените изнесоа јавни обвиненија против моќните луѓе од деловниот свет, но и од светот на забавата и политиката.

Фотографиите можете да ги погледнете тука.

FOTO: Printskrin

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...