На Поповски повторно му се суди за 300 возила во МВР, Кацарска му ја „поздрави“ сопруга

507

Во Кривичниот суд во Скопје денеска одново почна судењето за случајот „Триста“ на Специјалното јавно обвинителство, против поранешниот помошник министер за внатрешни работи Ѓоко Поповски за злоупотреба на службена должност при набавката на 300 возила за потребите на Министерството за внатрешни работи.

На денешното рочиште беа изнесени воведни зборови од СЈО, а обвинетиот Поповски остана на ставот дека не е виновен за делото за кое се товари.

Судијката Добрила Кацарска, пренесе „Слободен печат“, усно го опомена поранешниот експомошник министер порачувајќи му неговата сопруга да не ургира кај нејзини пријатели за него.

Во декември минатата година Апелација ја укина првостепената пресуда за случајот и го врати на повторно судење.

Кацарска во мај минатата година го осуди Поповски на девет години затворска казна за злоупотреба на службената должност при спроведување на тендерската постапка и изборот на најповолна понуда при набавката на 300 возила за потребите на министерството.

Според обвинението на СЈО, Поповски не ги почитувал законските прописи за јавна набавка и го оштетил буџетот 453.570 евра.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...