Предлог – законот за попис на населението е доставен до Владата. Новоста во овој закон е дека содржи графа за етничка припадност, нешто што беше ставено под знак прашалник од страна на Државниот завод за статистика, објави ТВ 21.
По разгледувањето, Владата треба да го усвои и потоа да го испрати во Собрание, каде пратениците ќе можат да поднесуваат амандмани за корекција.
Пописот се очекува да се спроведе од 1 до 21 април 2020 година. Последниот попис на населението беше реализиран во 2002 година кој беше проследен со бројни дебати во врска со процентот на населението во земјава од етничка гледна точка.