Додека го закопуваа Шеј Брадли во Ирска, присутните слушнаа звуци кои доаѓаа од неговиот мртовечки ковчег, пренесува „Метро“.
Семејството и пријателите се собрале да се збогуваат со ирскиот ветеран, кога почнале да се смеат штом го слушнале неговиот глас.
– Извадете ме оттука. Каде сум јас? Многу е темно. Дали е тоа свештеник што го слушам? Тука е Шеј. Јас сум мртов – рекол меѓудругото гласот кој доаѓал од ковчегот, а се слушало и тропање.
Потоа тој додал „здраво повторно, само сакав да ви кажам збогум“. Шеј починал на 8 октомври по долга болест. Тој се одлучил да направи уште една последна шега за присутните на својот погреб.
Неговата ќерка појасни дека вревата доаѓа од звучник блиску до гробот. Шеј сакал да ги насмее ожалостените додека е погребуван.
Според зборовите на неговата ќерка, неговиот глас бил снимен пред да почине.
– Тој многу би сакал да знае колку луѓе насмеа. Беше навистина прекрасен лик – додала таа.
ФОТО: Твитер