На ПИСА тестовите сме под или на најслабото ниво

346
ФОТО: Архива

Дури 62,9 % од учениците од нашата држава во науки се под или на ниво 1, а во математика и во читање тој процент е и повисок (околу 70 %). Додека, пак, ОЕЦД-просекот во сите три подрачја е многу помал, односно е околу 20 отсто. Нивоата 5 и 6 од нашата држава во подрачјето наука и во подрачјето читање ги достигнале само по 0,2 отсто од учениците, а во подрачјето математика 0,9 отсто – вели Бети Ламева, национален координатор за ПИСА 2018

Македонските ученици постигнуваат многу слаби резултати на меѓународното тестирање ПИСА бидејќи ова се тип на задачи и текстови поврзани со прашања кои во нашата држава најчесто не се практикуваат во процесот на поучување. Нашите ученици исто така најчесто учат за оценка, а не се оспособуваат за примена на стекнатото знаење. Проблем е и тоа што тестовите се големи и обемни. Кај учениците постои и незаинтересираност за решавање на тестот зашто не влијае врз оценките во дневник.
Ова, според Бети Ламева, национален координатор за ПИСА 2018, се главните причини за лошите резултати на нашите ученици на тестирањето во 2000 и во 2015 година.
Најголем процент од учениците од нашата држава се под или на ниво 1 (најслабото).

Извор: Факултети.мк

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...