Спортски риболовци, членови на ЗСР „Костреш“ од Богданци, уловиле крап тежок килограми.
Трофејот риболовците го уловиле на мамец-бојла.
– Овој улов докажува дека во акумулацијата Палурци има крапови капиталци. Тоа е и добра увертира за претстојното Меѓународно крапско држење, што ќе се одржи од 27 до 29 април. На него ќе учествуваат риболовци-крапџии од Македонија, Србија, Бугарија, Грција и Хрватска. Се надеваме дека ќе имаме со што да се пофалиме, но и да им понудиме квалитетен улов на гостите, велат од ЗСР „Костреш“, концесионер за спортски риболов на браната Палурци.
Крапош што беше уловен вчера, веднаш по фаќањето е вратен назад во езерото.
Претстојното Меѓународно крапско дружење се одржува по прв пат, а организаторот очекува да прерасне во традиционално.
Инаку, пред неколку денови спортските риболовци од Богданци извршија порибување на акумулацијата Палурци со 450 килограми крап.