На Оливер Спасовски му се намалила довербата во СЈО

666

На министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски му се намалила довербата во Специјалното јавно обвинителство (СЈО).

На денешната средба со новинарите, прашан тој одговори дека верува во оваа институција, но довербата не е истата како што била во периодот кога се залагал таква институција да биде формирана и кога СЈО почна да работи.

Спасовски не сакаше да наведе конкретни причини зошто помалку верува во тимот на Катица Јанева, само кажа дека на тоа влијаеле повеќе случувања.

Дали бегството на Никола Груевски влијаело на нарушување на неговата довера во СЈО, тој само посочи дека може и тоа да смета во тие фактори. Министерот не сакаше да каже детали од истрагата за бегството на експремиерот, посочувајќи дека прво треба Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција да излезе со информации за истрагата, па потоа да се коментира.

Спасовки, сепак, е дециден дека МВР постапило согласно надлежностите. Како што вели тој, поминало времето на УДБА и дека потребно е да се разбере дека МВР треба да работи во законски рамки во кои ќе ги почитува човековите права.

Кога е во прашање довербата во СЈО, сѐ помалку веруваат и граѓаните, покажа последната анкета на Телма и МЦМС која беше презентирана на почетокот на декември, а ја спроведе М-Проспект на репрезентативен примерок од 1.014 испитаици во период од 11 до 16 ноември. Резултатите покажаа дека недоверба во оваа институција имаат 53,5 проценти од граѓаните.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...