На оглас ќе се бара директорот на Агенцијата за спроведување на албанскиот јазик

136

Хоџа: Директорот на Агенцијата за Законот за употреба на јазиците ќе биде избран на јавен оглас

Директорот на Агенцијата која ќе го надгледува спроведувањето на Законот за употреба на јазиците ќе биде избран на јавен оглас.

Владиниот портпарол Муамет Хоџа на денешната редовна прес-конференција изјави дека на вчерашната владина седница се разговарало околу именувањето на директор на Агенцијата и оти заедничка констатација е дека тој треба да се избере на јавен оглас.

– Формирањето на Агенцијата произлегува од Законот за употреба на јазиците. На вчерашната седница на Владата се дискутираше околу именувањето на директорот на Агенцијата и заедничка констатација е директорот да се избере преку јавен оглас, а Генералниот секретаријат се обврзува во однос на објавувањето на огласот – рече Хоџа.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...