На огласот на СДСМ стигнале 24 кандидатури, договор за консензуалниот ќе падне вечерва

527

На огласот кој го распиша СДСМ за претседателски кандидат стигнале околу 24 кандидатури, кажа координаторот на пратеничката група, Јован Митрески на денешната прес-конференција.

Тој најави дека попладнево врвот на партијата ќе се сретне, а вечерва раководството ќе се сретне со коалициските партнери за да го договорат заедничкиот кандидат.

– Продолжуваме да зборуваме и денес да разговараме со сите коалициски партнери, вклучувајќи го и ДУИ како коалициски партнер. Се вложивме и се вложуваме во овој процес затоа што е многу значаен, затоа што е многу вреден, затоа што граѓаните за првпат ќе добијат кандидат за сите нив, за сите граѓани. Денеска во текот на попладневните часови ќе има средба раководството на партијата, а потоа во вечерните часови ќе се одржи средба со сите коалициски партнери кои ќе дадат поддршка на заедничкиот кандидат за претседател. Потоа во текот на денот ќе бидете информирани за сите детали од таа средба, кончено последниот глас го имаат делегатите на Конгресот кој ќе се одржи во недела – изјави Митрески.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...