На огласот на милијардерот за патување на Месечината се пријавиле повеќе од 20.000 кандидатки

Маезава во понеделникот објави дека бара придружничка на неговото туристичко патување на Месечината, но и воопшто – во животот.

338

Откако јапонскиот милијардер Јусаку Маезава објави оглас во кој бара партнерка за патување на Месечината, а на неговиот повик се огласија повеќе од 20.000 жени, пишува CNET.

Маезава во понеделникот објави дека бара придружничка на неговото туристичко патување на Месечината, но и воопшто – во животот. На огласот досега се пријавиле над 20.000 жени

„Полека ме обземаат чувствa на осаменост и празнина. Затоа, постојано размислувам за едно нешто: Сакам да сакам една жена“, напиша Маезава на својата интернет-страница, додавајќи дека не би било никаков проблем ако кандидатката не знае јапонски јазик.

Маезава (44) е првиот добитник на билети за туристичко патување до Месечината, кое го организира Спејс-Икс и е закажано за 2023 година. Познат е и по тоа што пред минатата седмица преку Твитер на своите следачи им подели девет милиона долари.

– Сакам да најдам животна партнерка и од Вселената да испратам порака за нашата љубов и мир во светот – нагласи Јапонецот.

Тој е основач на најголемиот јапонски трговски синџир за облека – Зозо. Неговиот вкупен имот се проценува на две милијарди долари.

FOTO: Skrinsot/Jutjub

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...