На ова општество му требаат алтруисти, а не предатори

926

Алтруизам. Тоа е состојба на умот која можат да ја разберат само луѓето со силно изразена емпатија и висока емоционална интелигенција. На останатите џабе е да им објаснуваш. Постојано ќе те прашуваат кој е твојот интерес или што имаш ти од тоа.

Кога ќе им кажеш дека немаш ништо, вртат со главите во недоверба мислејќи дека нешто криеш од нив. Бидејќи нивните мали мозочиња не можат да испроцесираат таква нелогичност како е можно некој нешто да прави без да очекува конкретен бенефит.

Е тука е проблемот во нашето општество драги мои. Што тие што се во позиција нешто да прават и направат, не се алтруисти. Што очекуваат бенефит или уште повеќе тргнуваат со мисла и прават сѐ за да имаат бенефит. Сѐ додека е тоа така, а не гледам дека ќе се смени, ќе тонеме во живата кал на сопствената алчност и незаситност како општество и ќе се препелкаме во безнадеж.

Ова што го пишувам и кажувам не се само празни зборови, глумење лудило и преправање, го пишувам затоа што цврсто верувам дека тој е патот. Тие што приватно ме познаваат знаат дека е тоа така. На ова општество му требаат алтруисти, а не предатори, ако сака да се издигне и да стане похумано.

(ФБ статус на авторот)

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...