На Николовски не му е на ниво да се извини на Вице Заев

2205

На потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски, не му е на ниво да се извини на братот на премиерот Зоран Заев, Вице Заев, за изнесениот став по состаникот на Централниот комитет на партијата во понеделникот кога тој ја честиташе, како што рече тогаш: „новата криминална коалиција Зоран Заев-Вице Заев-Сашо Мијалков“.

Николовски ова го кажа во неговото вечерашно гостување во емисијата Отворено на Алфа ТВ, откако претходно Вице Заев му даде рок од три дена да се извини.

– Мислам дека не ми е на ниво да се спуштам на ниво на Вице Заев. Прво човекот нема никаква функција во оваа држава, освен што не може да помине работа во државата без тој да учествува, злоупотребувајќи ја позицијата на брат му. Нивото коешто го има, како и сите овие скандали кои кружат околу него не ми дозволуваат да се спуштам на тоа ниво рече Николоски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...