На неговиот живот не можевте да влијаете, но на нивниот можете, порача адвокат на Србите во Грција

734

Судењето на седумте момчиња од Србија обвинети за убиството на Американецот на Закинтос продолжува, а пресудата се очекува на 22 ноември.

– На неговиот живот не можевте да влијаете, но на нивниот можете. Затоа ве молам да размислите без притисок бидејќи вие ја претставувате грчката држава – рекол адвокат на обвинетите Срби, обраќајќи му се на судот.

Тој додал дека на сите им е жал што животот на Хендерсон е завршен, но дека ниту обвинетите не се доведени во подобра ситуација.

Завршен збор дале адвокатите на неколку од обвинетите.

Биле анализирани докази, зошто и како започнал инцидентот, како и зошто Хендерсон бил повреден.

Одбраната тврдела дека никое од момчињата не сакало да му нанеси на Американецот повреда која ќе доведе до смрт.

Исто така, таа тврдела дека расправијата и тепачката не започнале заради селфито со келнерката, како што пренесувале медиумите во Грција и САД.

Покрај Србите, на обвинителската клупа се и еден Грк и еден Британец со потекло од Босна и Херцеговина.

За обвинетите се бара најстрога казна, а исто го очекувале и родителите на жртвата.

Извор: Блиц

ФОТО: ЕПА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...