На народот можеш да му направиш добро само ако работиш против него!

Македонската политичка елита го прочита демократскиот систем еден човек еден глас, како систем на промоција на простаклукот во битката за гласови, како основа на најниско можно плафонирање на јавниот дискурс, во кој не циркулираат повеќе од десет фрази и педесетина зборови. И се пофторуваат секој ден по сто пати, на сто телевизиски емисии и низ илјадници ботови по социјалните мрежи. Стварноста што е содржана во тој дискурс и реалната стварност се различни работи.

2048

Во книгата „Јазикот на Третиот рајх”, Виктор Клемпетер, еврејски научник кој по некое чудо ја преживеал Втората светска војна, пишува дека нацизмот “ја опфаќал целата стварност преку зборови, идиоми и реченични структури што се наметнувале низ милиони повторувања и се прифаќале механички и несвесно.” Со вакво всадување, забележал Клемпетер “јазикот не само што пишуваше и мислеше во мое име туку, колку повеќе му се препуштав, се повеќе ги диктираше и моите чувства и управуваше со целото мое духовно битие.”

Ова е воведниот дел на текстот „Ако говори како фашист…” на Џејсон Стенли за Проџект Синдикејт, што тука го преземам од сајтот на „Пешчаник”.

Овие шеми и системи стануваат смртоносни во времето на социјалните мрежи и на таканаречените непосредувани медиумски значења и се јавуваат како моторна сила на популизмот, национализмот и нацифашизмот, на деструкцијата на цивилизациските дострели на човештвото, на општите морални вредности, на капиталните миротворни и развојни проекти каква што е Европската Унија, на пример. Брегзитот е во голема мерка резултат на таквото всадување на симулирана стварност, победата на Трамп е резултат на таквите процеси, Вучиќ и Орбан се на власт преку заробување на стварноста во реченични структури и идиоми преку кои се контролираат чувствата и поведението на луѓето, сеедно дали се зборува за темата за имиграцијата, односно за Косово, важна е шемата, ритамот, повторувањето, со ширење на страв, на загроза, на непријатели и сл.

Македонија е заробена во многу слична шема.

Идиотската реакција на Ванковска по трагедијата во која загинаа 14 луѓе, е израз на таа заробеност. На тој коњски или кобилски поглед на стварноста кој во медицината се означува со различни дијагнози од кои во народот е одомаќинета лудоста како вообичаена етикета. Надвор од тој систем никој нормален нема основа да ја врзува завчерашната несреќа, со драмата на Карпалак од пред 17 години. Со неверојатно злобни етнички котации. И колумните и телевизиските смрдежи на Грчева, која кокодака за НАТО како кокошка која на гумното бара да ги клукне зборчиња и фразетчиња кои нема да остават никаков сомнеж за нејзината злоба, ограниченост и своевидна лудост, се од тој вид. Сите илјада дебатни и контактни емисии по телевизиите се исти срања.

Македонската политичка елита го прочита демократскиот систем еден човек еден глас како систем на промоција на простаклукот во битката за гласови, како основа на најниско можно плафонирање на јавниот дискурс во кој не циркулираат повеќе од десет фрази и педесетина зборови. И се повторуваат секој ден по сто пати, на сто телевизиски емисии и низ илјадници ботови по социјалните мрежи. Стварноста што е содржана во тој дискурс и реалната стварност се различни работи. Произведени се генерации хендикепирани луѓе. Режимот на вмро-дпмне тоа го доведе до совршенство затоа што ја зароби целата нација во тој тесен фрекфентен опсег, користејки драматични разорувања во образовниот, културниот и медиумскиот сектор. Воведувајки ги во масовна употреба термините предавници, црнила, однародување, националните и државните интреси (шта је то, бре, какав је то курац мармелад), давајки му на политичкиот судир епски димензии, безалтернативност, смрт или слобода и сл. Не гледам дека власта на сдсм прави отклон од тој систем. Тие ја продолжуваат дебатата со примитивноста, наместо да излезат од неа. Поради себе и поради општеството.

Освен во една, но, ногу важна, капитална и историска работа. А тоа е Договорот од Преспа. И Договорот со Бугарија, но овој од Преспа, посебно, затоа што и во Грција се појави како остварување контра матицата, а тоа е подвиг. Во Македонија нема поголемо политичко и дипломатско остварување.

Два аспекта сакам тука да истакнам: Прво, тој договор го продолжи историското време на Македонија кое беше пред истекување. И во однос на илинденскиот циклус и во однос на асномскиот циклус. Добивме, спортски кажано, продолжетоци во кои имаме добри шанси да го добиеме историскиот натпревар за нашите перспективи. Или натпреварот за историските перспективи. И, второ, тој договор е остварен контра матицата, главните актери ги доживувам како лососи кои пливаа угоре и совладуваа пречки, за да ја измрестат иднината на Македонија. Секогаш низ историјата, не само на Македонија, туку воопшто, големите работи се правени спротивно на дневниот опортунитет, спротивно на вољата на мнозинството, особено кога тоа мнозинство е подложно на вакви и такви манипулации.

Се обидов во една прилика да го убедам премиерот дека тој преку преспанскиот и бугарскиот договор како пакет, со членството во НАТО и утре во ЕУ, е реализирана историска фигура, која има моќ, политички кредити, европски рејтинзи, секакви оружја и муниции и, ова е особено важно, обврски, со кои може таа контра да ја удри и на домашен терен, во внатрешните политики, похрабро, порадикално, побезобразно, со помал респект кон криминалното правно наследство на чипираните идиоти, со помал респект кон чипираните идиоти, со помал респект кон сенародните надежи кои како и секогаш проектираат убавини без работа, без труд и без талент. И кон своите во партијата. Нема потреба да се занимаваме со производство на лажна култура за да ја демонстрираме грижата на државата за идентитетот, немаме зошто да го трпиме медиумскиот терор на умислени и измислени организации и субјекти, мораме да го прекинеме образовниот синџир на производство на хендикепирани луѓе и генерации, мораме да се ослободиме од непондосливиот вишок на неквалификувана администрација, мораме да ја рехабилитираме правната држава. По секоја цена.

Тоа е.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...