Во странските медиуми доста се пишуваше за тоа што ќе јадат Трамп и Ким на средбата во Виетнам, а се чини менито било променето во последна минута.
Неколку дописници од Белата куќа објавија што точно имало на трпезата на средбата на претседателот на САД и севернокорејскиот лидер.
Најпрво се уживало во коктел од ракчиња, во кој имало ладни ракчиња, зелена салата, ситно исецкано авокадо, свеж лимон и билки. Потоа на менито било говедско месо на скара, а за десерт понудена била чоколадна лава.
На крај двајцата се напиле од традиционалниот пијалак.
Here was the menu served at the Metropole to Trump and Kim tonight: pic.twitter.com/tmwJ0h6DlR
— Kevin Liptak (@Kevinliptakcnn) February 27, 2019
ФОТО: Твитер