Мемориските картички често содржат огромен број на важни информации. Добрите луѓе ги користат фотографиите и видеата на нив за да им ги вратат изгубените картички на нивните сопственици.
Но, една ваква картичка, која непозната жена ја нашла на земја во Алјаска, доведе до апсење за убиство од прв степен, пренесува „Њујорк тајмс“.
Во полицијата картичката била предадена на 30 септември. На неа имало видеа и фотографии од маж како тепа, а потоа задавува жена во хотелска соба.
На 2 октомври полицијата била информирана дека остатоци од човек се пронајдени надвор од градот. Полицајците веруваат дека жената на фотографиите и видеата е истата жена чии остатоци се најдени два дена подоцна. Таа се уште не е идентификувана.
Откако е препознат мажот кој го врши злосторството, се дознава дека тој навистина бил во спорната соба од 2 до 4 септември.
Уапсен е 48-годишникот за убиство на жена со темно кафеава коса. Фотографиите се направени на 4 септември во 12:59 часот по полноќ.
Во едно од видеата, според документи, мажот вели дека неговата рака е „веќе уморна“, пред да го притисне вратот на жената со неговата нога. Потоа пцуе и вели дека таа треба да умре. Во други видеа се гледа како таа не може да земе воздух а тој ја притиска уште повеќе и се смее.