На Манџукиќ му нудат плата од девет милиони евра во Кина

153
ФОТО: EPA / ANDREA DI MARCO

Напаѓачот на Јувентус, Марио Манџукиќ, доби предлог за двегодишен договор од кинескиот Гвангжу Фули. За ова време, 33-годишниот Хрват може да заработи девет милиони евра, вели „Ла Газета дело спорт“.

Претходно беше објавено дека Јувентус е подготвен да го продаде напаѓач во зима за пет милиони евра.

Според пишувањата во италијанските медиуми, Манчестер јунајтед и Интер се заинтересирани за Хрватот.

Манџукиќ не е вклучен во плановите на тренерот на Јувентус Маурицио Сари. Хрватот не само што остана надвор од апликацијата за ЛШ, туку и не тренираше со екипата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...