На Македонците нема да им биде дозволено да се самоубијат!?

Тоа што Метју Палмер доаѓа во понеделник за да ги придвижи работите околу договорот со Грција, може да значи дека уставните измени ќе поминат веќе в петок или дека гласање во петок нема да има затоа што двотретинското мнозинство ќе биде обезбедено во патната торба на Американецот.

1640

Македонија беше облечена во портокалово пред дванаесет години. Вчера требаше да и ја отсечат главата. Ако вечерва нешто ве препне во темнината зад вашата бутка, помислете дека можеби сте ја згазнале главата на татковината. Се разбира, јас не знам дали православните даеши ќе успеат да го изведат тој фатален зафат врз гркланот на Македонија, од левото до десното уво, со острото ноже на својата простоќа и злосторничка страст, но и самите веројатности ме тераат да се  прашам, какви чувства таквата средба може да предизвика кај живиот син. Или ќерка. Кај чедата на Македонија? Дали би ја шибнале главата, со “пуна”, како Роберто Карлос на времето во Реал, или би клекнале да ја редат со ред солзи и пискитници, ред клетви против убијците на библиската земја. Во кои, освен вмороните, ќе мора да  влезе и народот кој сето време ги негуваше своите атентатори како што најстрастните цвеќари ги чуваат црните орхидеи во своите стакленици. Или би ја зеле за дома, да ја закачат во дневната соба, како некаков трофеј, како доказ дека тој и тој ја утепал Македонија! Како паметна инвестиција за некои конјунктурни времиња.
Хахаха!

Јас сум од ретката лоза на катастрофичарите, односно реалистите, на луѓето кои тврдат дека убиството на договорот со Грција, ќе биде и убиство на Македонија, со тоа што за разлика од смртта на договорот, смртта на Македонија ќе биде агонична, страшно болна, проследена со хаос во семејството, страдалничка за сите граѓани, за сите системи, бизниси и институции. Нема, сакам да кажам, да има никакви неизвесности, како што вообичаено се опишува времето што ќе дојде, се ќе биде, многу извесно- трагично.

Ако биде така, ако се случи да се раздржавотвориме со најобично нечинење на опозицијата, со апстиненции или со гласање против договорот со Грција, ние ќе бидеме единствен случај во историјата, доказ за срамната и безвезна смртоносност во себе, за глупавата грешка на историјата кога решила да не овозможи, но, и ако не биде така, значи, само врз основа на комплетниот трагичен пласман на вмро-дпмне, со врв во страшните обиди да се усмрти договорот со Грција по секоја цена и со сите можни и неможни средства, ќе мора да се чепне под појавноста на нештата, која и вака и така е бескрајно избанализирана и кретенизирана и да се дојде до основниот извор на нивното поведение и на нашата драма, работи кои се помоќни од сета корупција и пљачка, односно до самата суштина на вмрото во македонската историска легитимација, култура, фолклор и сите други аспекти, пресипитувања кои ќе мора да ја соочат Македонија со неопходноста да го затвори фамозниот илинденски циклус и да тргне напред врз сосема нови основи. Најновата деноминација што се вика вмро-дпмне е екипа на лудаци кои мислат дека ако легнат на шините ќе го сопрат експресниот воз на Историјата! Република Македонија, државноста и националноста македонска, прво, се елементи кои ја оптоваруваат љубовната врска меѓу народот и неговата “единствена автентична политичка артикулација” во ликот на вмро и по таа линија партијата се стреми да ги тргне или макар да ги релативизира, да ги исправи како криви влакна на импотентен кур и, второ,  претставуваат врвно и непростливо изневерување на основните принципи на вмро за ослободување на Македонија без конституирање, особено не национално и државно конституирање. Замисли да се родиш како национален интерес во бракот меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Македонија: Таткото кретен, мајката забавена во развојот!? Мора да најдеш начин да убиеш макар еден од нив!

Разградувањето на Македонија е враќање кон изворните принципи на вмро. Со тоа ќе мораме да се соочиме. Малку тешкичко, ама без тоа, еве, и да помине договорот, ние ќе одиме во Европа со таа неподнослива лага за себе, која дури и во европското семејство ќе најде начини да не влече назад. Со други зборови, мораме да се девмровизираме во најдлабоката суштина на себе и за себе.

Во таа смисла и референдумот и гласањето во Собранието беа односно се нелегитимни. Затоа што во политичката арена ставија и ставаат едно надполитичко прашање, прашањето на постоењето. Како некое собрание на Крим да гласа дали манијакот ќе може да убива или нема да убива, како некои родители да гласаат дали детето ќе го фрлат или ќе го чуваат, како на некој аеродром да се решава дали ќе го пуштат авионот да слета со трактор на пистата или ќе го легнат  миленкота да го дочека на својата говнеста мешина. Или ќе употребат некој Шанац!

Во четвртокот вечерта бев на прославата на „Слободен печат” (пет години) и останав изненаден од расширеноста на тезата дека Македонија е, сепак, преважна за да им биде дозволено на Македонците да се самоубијат. Хахаха! Јас исто така верувам во таа врска. Ние не сме најдоброто решение за овој дел на светот, но, подобро решение светот нема.

Тоа што Метју Палмер, заменик помошен секретар за европски прашања доаѓа во понеделник за да ги придвижи работите околу договорот, може да значи дека уставните измени ќе поминат при гласањето в петок или дека гласање во петок нема да има затоа што двотретинското мнозинство ќе биде обезбедено во патната торба на Американецот. Независно од оваа заебантска интонација, јасно е дека Договорот со Грција мора да помине и дека Мицко и неговите вморони се однесуваат како Милошевиќ кога одбиваше да поверува дека ќе го бомбардираат и ќе го однесат во Хаг кај што ќе цркне. Ние сме надмакедонско прашање. Тоа е нашата среќа и тоа е несреќата на чипираните идиоти.
П.С.
Некој и рекол Fuck you!
Биљана го тужела
Човекот е осуден за наведување на противприроден блуд.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...