На Мадагаскар пронајдено телото на студентката која скокна од авион

5345
ФОТО: Фејсбук

На Мадагаскар е пронајдено тело за кое се верува оти е на 19-годишната студентка Алана Кутланд, речиси две недели подоцна откако таа скокнала од авион, пренесува „Дејли мејл“.

Се верува дека телото е нејзино бидејќи станува збор за иста боја на косата, исти чевли и облека.

Околу 400 лица и 15 полицајци ја барале Алана од 25 јули, кога таа ја отворила вратата од цесна 182 во која патувала и паднала.

Пилотот очајно се обидувал да ја затвори вратата со едната додека го контролирал авионот со другата рака. Неговиот обид да ја спаси бил неуспешен.

Британската наставничка Рут Џонсон, која седела до Алана, исто така се обидела да ја спаси, држејќи ја нејзината нога.

Алана патела од анксиозност и имала психотични епизоди, можеби како резултат на пиење апчиња против маларија или други лекови.

Полицијата потврдила дека ќе се утврдува какви лекови зела студентката.

ФОТО: Твитер

ФОТО: Фејсбук

ФОТО 2: Твитер

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...