Актуелната хрватска претседателка, Колинда Грабар Китаровиќ, вчера и официјално ја објави својата кандидатура за втор претседателски мандат.
Но, најголемо внимание кај голем дел од хрватските , па и регионалните медиуми, предизвика нејзиниот пишан говор и упатствата од советниците во него, каде треба да направи пауза, каде да го нагласи зборот и на крајот и каде благо да се насмее.
Порталот индекс.хр, кој најверојатно по грешка доби копија од говорот наменет за претседателката, го објави целиот со сите упатства во него.
Во Хрватска официјално започнува кампањата за Претседател, а покрај актуелната, ќе се натпреваруваат и пејачот Мирослав Шкоро, поранешниот премиер, Зоран Милановиќ, како најголем ривал на Китаровиќ и други.
ФОТО: Принтскрин