На истиот ден на кој почина, пред 25 години Шабан Шаулиќ бил избоден со нож во Виена.
– Во шок сме што загина на истиот ден на кој пред 25 година беше избоден со нож и едвај остана жив. Повеќе од две децении, Гоца секоја година на овој ден пали свеќи во црква и сече колач. Тој ден семејството на Шабан му го славеше како втор роденден. Кога биле на пат, Гоца имала обврска да пронајде црква во која палела свеќи. Страшно е што го изгуби животот токму на тој ден. Дали е тоа судбина или лоша карма, не знам – рекол близок на семејството на Шабан.
Пејачот го изгуби животот во тешка сообраќна несреќа на 17 февруари.