На Илинденска од утре заклучно со четврток посебен сообраќаен режим

742

Од утре заклучно со четврток од 9 до 11.30 часот, ќе има посебен сообраќаен режим на сообраќајот по булеварот „Илинден“, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

Посебниот сообраќаен режим е поради меѓународната спортска манифестација „ФИС ролер ски куп“, кој ќе се оддржи во организација на Скијачката федерација на РСМ, Клубот за биатлон и нордиски дисциплини „Олимпик Скии“ од Скопје, град Скопје и општина Карпош. Траса на движење од Спортскиот центар „Борис Трајковски“ до крстосницата на булеварот „Илинден“ со улицата „Љубљанска“ (десна коловозна лента гледано во насока од исток кон запад) во Скопје.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците по кои ќе се одвива настанот.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...