На затвореник во патика му нашле 40 паковки со прашкаста материја

217

На затвореник во патика му нашле 40 паковки со прашкаста материја, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи.

– Вчера во 19.35 часот во КПУ „Идризово“ при извршен претрес на Е.Љ. (27) од Скопје, лице кое издржувало затворска казна, во патика му биле пронајдени 40 паковки со прашкаста материја и истите биле одземени – велат од МВР.

Се работи на целосно расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...