На жена на која ѝ било 80 отсто од телото изгорено кога сопругот ја претепал со бејзбол палка па ја полил со киселина по целото тело, потребно ѝ е ново лице по втор пат, пренесува „Метро“.
Педесет и едногодишната Кармен Бландин Тарлетон била целата со опекотини по ужасниот напад во САД во 2007 година, па хирурзите ѝ дале ново лице. Но, шест години потоа, потребно ѝ е повторно ново.
Кармен за „Д Бостон Глоуб“ кажа дека не се кае за првата операција во Бостон, бидејќи навистина нејзиниот животот се променил на подобро. Таа научила да свири на пијано, напишала мемоари и на светот му кажала за своето искуство.
– Полош ми беше животот пред операцијата. Дали сонувам да можеше да потрае 10 или 20 години? Се разбира дека да – вели Кармен.
Над 40 пациенти низ светот имале ваков хируршки зафат, вклучувајќи 15 во САД. Оние од САД не го изгубиле лицето од донорот, но лани, Французин морал да направи уште една операција по осум години носејќи лице од донор.
Доктори се изјасниле дека не е реалистично да се верува оти лице од донор може да му послужи на човек цел негов живот. Се верува дека на секој од овие несреќни лица, ќе им треба нова операција во даден период од животот.