На ДУИ не и треба претседател кој и прави проблеми

922
Раководството на ДУИ при синоќешната посета на локалниот штаб во Општина Желино укажа на важноста од зборот на консензуален претседател во насока на продолжување на започнатиот пат кон полноправно членство во НАТО и почнување преговори за членство во ЕУ.
– Да имаше теоретски можности, значи да победеше албански кандидат само со гласовите на Албанците, тогаш оваа работа не би им ја препуштиле на вториот или третиот субјект кој е после нас, туку ДУИ ќе излезеше со свој кандидат. Ние не сме заинтересирани за популистички политики бидејќи не сме на почеток на 90-те години,  поминавме 30 години демократија и знаеме дека нема теоретски можности да се избира претседател на државата потпирајќи се само на гласовите на Албанците. Единствениот начин е кога има консензус, како примерот со Собранието каде 10-те гласа на ДУИ и другите албански партии со консензус го изгласаа претседателот на Собранието – рече Изет Меџити, шеф на изборниот штаб.
Немаме потреба, дополни Меџити, да направиме политички договор за вториот изборен круг на претседателските избори, овој договор го направивме уште при формирањето на Владата, којашто го промени името и сега сме Северна Македонија, го донесе Законот за албанскиот јазик и прави напори Северна Македонија да стане 30-та земја членка на НАТО.
– Ова се капитални проекти заради кои е формирана оваа Влада и нам не ни треба претседател кој ни прави проблеми, туку ни треба претседател кој ги познава овие процеси и ќе биде позитивен актер во реализација на овие аспирации – истакна Меџити.
Излегувањето со албански кандидат, посочи тој, не дека немаше да донесе победа, туку можеше да се ризикува и процесот на интеграција на земјата во НАТО и ЕУ, Преспанскиот договор и Законот за албанскиот јазик.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...