Кај сите четири хоспитализирани деца дијабетесот бил откриен откако им се влошила состојбата и биле донесени во болница, покажува инспекцијата на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) кој ги посети нивните матични лекари.
Станува збор за две деца со дијабетес мелитус тип 1 од Охрид, едно од Гевгелија и едно од Свети Николе.
– Извршени се вонредни инспекциски надзори кај матичните доктори на децата при што од увидот е констатирано дека на сите четири деца за прв пат им е дијагностициран дијабет по последното влошување на здравствената состоја поврзана со хоспитализацијата на клинките во Скопје – велат од Министерството за здравство.
Од првичниот увид во медицинската докуменација водена за децата, ДСЗИ костатирал дека сите посетите на децата кај матичените лекари, како и посетите во останатите здравствени установи, главно се уредно евидентирани.
Дијабетес мелитус тип 1 е најчесто автоимуно заболување кое се карактеризира со деструкција на бета клетките на панкреасот при што доаѓа до комлпетен недостиг на инсулин. Според Здравство, една третина од новодијагностицираните деца со дијабетес мелитус тип 1 се примаат во кетоацидозна состојба која бара интензивна терапија.
Децата обично пројавуваат симптоми на зголемен внес на течности, зголемено мокрење, зголемен внес на храна, слабеење и стомачни болки, една до четири недели пред да им биде поставена дијагнозата.
„Имајќи го предвид наведеното, водењето на децата од страна на матичните лекари, како и од страна на здравствените работници во болничките установи, е согласно упатствата и протоколите за Медицина базирана на докази. Нашата држава спаѓа во земјите со мала/средна инциденца во однос на појавата на дијабет кај деца. Во последните години постои тренд на зголемување на бројот на заболените кое е во согласност со светските трендови“, се додава во соопштението од Министерството за здравство.