Зголемен е интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини, предупредува АМСМ.
Според АМСМ, на граничните премини нема подолги задржувања од 30 минути за влез и излез од државата.
Оттаму и препорака да се прилагоди брзината на движење, да се почитува поставената сообраќајна сигнализација и внимателно да се управува со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.
Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.