На Галичица скара може да се прави само на две места, казни и до 3.000 евра

726

Како пресуден фактор за појава на пожари на отворено фигурира човекот. Имајќи го предвид и фактот што превентивата е најдобра заштита од појава на пожарите, од ЈУ Национален парк „Галичица“ ги известуваат граѓаните кои живеат и гостите кои престојуваат на територијата на паркот на опасностите кои демнат од пожарите, особено во летниот период.

Од Националниот парк потсетуваат на законската забрана за палење оган, фрлање на догорчиња и други причинители на пожари на отворен простор, освен на двете излетнички места „Корита“ и „Јадера“ каде е уредено и дозволено палење оган, односно правење скара. Истовремено, се нагласува дека строго е забрането палење на стрништата, плевели и други отпадоци.

Чуварската служба на ЈУ Национален парк „Галичица“ од Охрид ќе презема мерки против лицата кои не ги почитуваат препораките, со потсетување дека казните за такви недозволени активности изнесуваат од шест до осум илјади евра за правни и од 1.500 до три илјади евра за физички лица.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...