Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, информира вто мото сојузот (АМСМ).
На граничните премини задржувањeто е во интервал од 15 до 30 минути за излез од државата.
Најфреквентен вчера и денеска е преминот „Богородица“ кај Гевгелија каде што се чека до половина час за излез од Македонија кон Грција.
Продолжениот викенд, голем број граѓани одлучија да го минат во Грција што е причина за гужвите на граничните премини кон оваа земја.