На Богородица се чека до 30 минути за излез од Македонија

52

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини изутринава е зголемен. Се бележи зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Богородица каде времето на чекање за излез од државата е до 30 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ информира дека од 14 до 17 август ќе се изведуваат градежни активности при поставување на индуктивни јамки на автопат А2, наплатна станица Глумово – Скопје, поради што ќе има промена на режимот на сообраќај.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...