На „Богородица“ се чека десетина минути, но на „Евзони“ еден час

228

Еден час на „Евзони“ и десетина минути на „Богородица“, толку се чека на граничните премини, а интензитетот на сообраќајот е зголемен поради празничниот викенд.

Како што велат од дежурната служба на граничниот премин „Богородица“, туристите од земјава и странство кои патуваат кон летувалиштата на Егејско море чекаат само десетина минути додека се извршат задолжителните царински и полициски формалности.

Од граничната полиција потврдија дека чекањето е подолго на грчката страна од границата каде во неколку колони возилата и патниците за да поминат на „Евзони“, чекаат и по еден час.

Двата гранични премина не се споени со колони возила, но видливо е дека на спротивната страна од границата колоните се протегаат точно до каменот што ја означува граничната линија меѓу Република Северна Македонија и Република Грција.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...