На битoлчанец му собрале 11.000 денари, го измамиле дека ќе добие домашна нега

206

Гражанка од Битола пријавила во МВР дека вчера на улица „Батаљон Стив Наумов“ нејзиниот татко Н.П.(73) бил измамен од непознато лице, соопшти МВР.

Лицето лажно се претставило дека е од Центарот за социјални работи и дека е дојдено за да му помогне да добие домашна нега и дека за тоа треба да му ги даде сите пари што ги има дома. Н.П. му дал 11.000 денари, по што лицето заминало. Подоцна, заклучил дека бил измамен.

МВР презема мерки за расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...