Кантавторот Ѓорѓе Балашевиќ (66) доживеа инфаркт во петокот, после што беше опериран и му вградиле два стента.
Ѓорѓе Балашевиќ ќе престојува во болница неколку дена бидејќи ова е стандардна процедура за вакви операции.
„Добро ја поднесе операцијата, се чувствува добро, на интензивна нега е и забранети се посети“, изјавил извор за „Блиц“.
Ѓорѓе Балашевиќ успешно закрепнува откако завчера беше опериран на Институтот за кардиоваскуларни болести во Сремска Митровица, а сега по овој повод се огласила и неговата ќерка Јована, пишува српски „Блиц“.
Јована Балашевиќ им се заблагодарила на сите на грижата и на пораките со поддршка и порачала дека нејзиниот татко сега се чувствува добро.
„Им благодарам на сите на пораките со поддршка и на убавите мисли. Тато е добро“, напишала Јована на Инстаграм.
„За сите што прашуваат како е мојот татко… Тој порачува дека можеби дури и ќе се бори на мегдан како што се чувствува“, напишал Алекса Балашевиќ покрај фотографијата на својот татко кој боксува.
ФОТО: Инстаграм/Принтскрин